На референдумот во недела Грците ќе одговорат на прашањето дали го прифаќаат или отфрлаат планот на кредиторите

Од:

Грчката Влада денеска го објави текстот на прашањето, кое ќе биде поставено на референдумот во недела, и на кое треба да кажат дали ги прифаќаат или не барањата на кредиторите во замена на средства, со кои Грција ќе избегне банкрот.

– Треба ли да биде прифатен предлогот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд, на средбата на Еврогрупата од 25 јуни, што содржи два дела кои составуваат комплексен предлот, гласи целосниот текст.

Учесниците на референдумот ќе треба да пополнат еден од посочените одговори, како одговор „не“ е ставен на прво место, а одговорот „да“ по него.

Левоориентираната грчка Влада, која го отфрли планот на кредиторите, ги повика Грците да гласаат со „не“, истакнувајќи дека тоа ќе ги зајакне позициите на Грција во преговорите со кредиторите.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески