На плажа во Грција, девојче од Србија нападнато од волк: „Ја закачи со шепата“

Од:

Петгодишно девојче е однесено во болница откако било нападнато од волк во Неос Мармарас, Грција. Страницата „Никана“, која објавува вести од Грција на српски јазик, објавува дека станува збор за девојче од Србија.

На споменатата страница се огласи и мајката на девојчето, која потврди дека нејзината ќерка била нападната од волк на плажата и тврдеше дека тоа е петти регистриран случај од ваков вид во таа област.

„Да, вистина е, тоа беше волк. Детето е добро. Плажата се наоѓа пред заливот за плажата Парадисос. Апелиравме до полицијата да преземе нешто. Многу ни е жал за тоа како можеше да биде“, рече таа.

Мајката истакнува дека девојчето не било каснато, туку дека тој ја изгребал со шепата.

Тој ја рашири вилицата за да ја загризе странично, но јас ја зграпчив набрзина, па ја удри со шепа по грбот, за среќа преку облеката. Но, тоа е за рубриката „верувале или не“, изјави таа.

Инцидентот се случил на плажа која била празна бидејќи припаѓа на приватни куќи.

„Не пливавме, за среќа, бевме облечени. И веројатно дошол од блиската шума каде што имаше пожар другиот ден. И сè се случило за помалку од 20 секунди и фала му на Бога што не ја касна затоа што ја зграпчив, а еден човек пукаше во волкот, и успеавме да избегаме, но тој ја закачи со шепата. Значи, верувале или не, волкот може да се види на плажата“, рече оваа жена.

Би можело да ве интересира

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Јовиќ: Србија прими 30 пациенти по пожарот во Кочани, 17 беа лекувани во Клиниката за пластична хирургија и за наша среќа сите преживеаја

Катерина Ѓуровски

Милановиќ: Србија набавува офанзивно оружје и тоа ме загрижува, ние купуваме како овчари

Катерина Ѓуровски

Ценовен шок на хрватскиот брег: „Сезоната дури и не започнала, а сокот чини четири евра“

Земјотрес во Грција

Вучиќ: Каква хистерија во Хрватска поради една ракета, а останатото не го ни виделе

Предраг Петровиќ