На Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите

Од:

На грчкиот остров Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите, кои се удавиле во Егејското Море додека се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат грчки медиуми.

На гробиштата Свети Пантелејмон досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.

– Веќе нема останато место на гробиштата дури и каде е одредено да се погребуваат сиромашни покојници, вели Христос Мавридакис, шеф на едно од главните гробишта на островот. – Нешто треба да се направи. Тука има многу, премногу гробови, нагласува тој.

Грчки медиуми јавуваат дека никој веќе не може да каже каде ќе бидат погребани следните покојници.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос