На Грција и се исплатени четири милијарди евра од фондовите за помош

Од:

Фондовите за помош на еврозоната денеска доделија четири милијарди евра нова финансиска помош на Грција откако земјата ги исполни сите услови поставени од меѓународните кредитори за следната транша.


Привремениот Европски фонд за финансиска стабилност (ЕФФС) и додели 2,5 милијарди евра на Грција. Средствата треба да бидат искористени за финансирање на буџетот и за елиминирање на долговите.


Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ) исплати 1,5 милијарди евра од друга програма, која вклучува и купување на грчки обврзници од Европската централна банка (ЕЦБ).


На почетокот од неделата Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри 2,3 милијарди долари за Грција. Досега ММФ и oбезбедила 11 милијарди долари на Атина, а ЕФФС 133 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески