На грчките острови пристигнале околу 600 бегалци и мигранти

Од:

На островите Лезбос, Хиос и Самос, од турското крајбрежје денеска пристигнале околу 600 бегалци и мигранти, се наведува во информациите во грчките и локалните медиуми од трите острови, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката државна телевизија ЕРТ објави дека на Лезбос за шест часа пристигнале 10 чамци со околу 400 бегалци и мигранти.

На останатите два острови, пристигнале околу 200 лица, од кои околу 120 на Хиос со четири чамци, а на Самос, околу 80 лица во два случаи.

Според информативниот портал „Сто ниси“ од Лезбос, локалното население од островот, реагира на новите пристигнувања и има поставено блокади на патот што води кон кампот Мориа, односно центарот за прием и идентификација на бегалци и мигранти, каде што се префрлаат сите оние кои стигнуваат на Лезбос.

Граѓаните, не дозволуваат автобусите со бегалците и мигрантите на грчката крајбрежна служба да стигнат до Мориа.

Подобреното време и значително поповолните временски услови во споредба со вчера, ги зголемија брановите бегалци и мигранти, по морски пат, од Турција кон Грција .

Медиумите во Грција вчера објавија дека на турското крајбрежје насобрани се големи групи бегалци и мигранти кои чекаат да се качат во чамци и бродови за да стигнат до грчките острови.

Министерот за поморство на Грција, Јанис Плакиотакис, кој во изминатите денови беше на островите погодени од бегалските и мигрантските бранови, преку неговиот официјален „Фејсбук“ профил, рече дека имал можност „повторно да ја констатира подготвеност, високиот оперативен потенцијал, храброста и совеста крајбрежната стража“.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос