На 12 фарми во Србија утврдено присуството на афлатоксин во млекото

Од:

Министерството за земјоделие на Србија соопшти дека заради присуство на канцерогената материја афлатоксин затворени се 12 фарми и дека во тек се вонредни контроли на фармите по откупните места за сирово млеко, според списоците на добавувачите на млекарите.

-Со досегашната контрола затворени се 12 фарми од кои се откупува сирово млеко и издадени се решенија на ветеринарниот инспектор на Министерството за земјоделие заради концентрации на афлатоксин поголеми од предвиденото, сооошти синоќа српското Министерство за земјоделие.

Со правилник од 2011 година се утврдува максимално дозволеното количество на остатоци на средстава за заштита на растенијата во храната и храната за животни.

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на Владата на Република Србија ќе и предложи на фармите што се исклучени од откупните линии да им се подели пченка од стоковите резерви и тоа 300 килограми по грло молзна крава, како и соодветно количество зеолити со цел да се подобри квалитетот на сточната храна на нивите,  индустријата за млеко да го преземе сето млеко од фармите, без разлика на неговиот квалитет, а тоа млеко што не одговара на пропишаните стандарди да се предаде на третирање во склад со Законот за предвидениот начин на нештетно отстранување.

Со овие мерки на фармерите кои произведуваат здраво млеко, исто така, ќе им се дистрибуира пченка од стоковите резерви, а на фармерите ќе им биде признато правото на премии за предаден литар млеко без разлика дали тоа оди во производство или на третман на нештетно остранување.

Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство ја продолжува натамошната  контрола на фармите, фабриките за сточна храна, индустријата за млеко и готови производи, се заклучува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани