Мустафа за формирањето на косовската војска, Србите неинформирани

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа најави дека многу брзо ќе бидат формирани косовските вооружени сили, без да наведе дали за тоа е постигнат некаков договор со претставниците на Србите во косовскиот парламент, пишува денеска „Зери“, пренесува Танјуг.

– Работиме на воспоставување на косовската војска. Тоа ќе биде војка на европско ниво и ќе биде примена во НАТО, рече неодамна Мустафа. 

Истовремено, претставниците на Србите тврдат дека никој за тоа не разговарал со нив.
„Зери“ наведува, дека српските претставници сметале дека изјавите на косовските политичари за скоро формирање на косовска војска се „несериозни“. 

Косовскиот заменик-министер на локалната управа и советник на премиерот Бајрам Гецај порача, како што пренесува приштинскиот весник, дека „косовската војска ќе биде формирана на еден или на друг начин“. 

-Тешко е да се каже кога ќе се случи, бидејќи мораме да постигнеме договор со пратениците од таа заедница. Верувам дека постои општ консензус меѓу косовските политички партии.  

Би можело да ве интересира

Таравари, Фетаи и Ќоку, првата посета надвор од земјава ја остварија во Косово

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане