Мустафа: Владата продолжува со работа до крај на мандатот

Од:

Косовскиот премиер Иса Мстафа денеска изјави дека институцијата која тој ја раководи, Владата на Република Косово, ќе продолжи со работа до крајот на мандатот, односно до 2018 година.

Присуствувајќи на одбележувањето на 17-годишнината од убиството на Енвер Малоку, познат активност на Демокраски сојуз на Косово, партија чиј лидер е Мустафа, тој кусо ги коментираше и последните насилни протести на опозицијата.

– Владата нема да се повлече, ќе продолжи со својата работа до 2018 година, изјави Мустафа, апелирајќи до граѓаните да не подлегнуваат на провокациите на опозицијата.

Тој ја обвини опозицијата дека работи против интересите на Косово и косовскиот народ.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски