Мустафа потврди дека западните дипломати инсистираат да се формира новата влада

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Иса Мустафа потврди денеска дека меѓународните претставници во земјата, пред се амбасадорите од државите на „Квинтот“ и Европската унија (ЕУ), инсистираат Косово што поскоро да добие влада, јави дописникот на МИА од Приштина.

По средбата со амбасадорот на Велика Британија во Косово, Николас Абот, одржана во седиштето на ЛДК, Мустафа изјави дека и неговата партија, која беше второрангирана на октомвриските парламентарни избори, зад Движењето Самоопределување (ВВ), е заинтересирана двете досега опозициски партии да постигнат договор за заедничка влада.

– Амбасадите се заинтересирани Косово да има влада и поради тоа доаѓаат и разговараат со нас. И ние сме заинтересирани што поскоро Косово да добие влада, изјави Мустафа.

Тој потврди дека на денешната седница на партиското претседателство ќе се третира прашањето на коалиција со ВВ, откако таа партија вчера официјално за мандатар за состав на новата влада го предложи својот лидер, Албин Курти.

– Ние имаме седница на претседателството денеска. Ќе разговараме за тоа прашање. Ќе се обидеме да изнајдеме начин за да постигнеме договор, изјави Мустафа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски