Мустафа: Оваа Влада ќе остане до крај на мандатот

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека оваа влада ќе останe до крајот на мандатот, истакнувајќи дека била погрешно интерпретирана изјавата на Кадри Весели, лидер на Демократската партија и прв парламентарец, оти потребни се нови избори за земјата да дојде во нормала.

Шефот на косовската влада оценува дека коалицијата Демократска партија-Демократски сојуз функционира добро и како коалициски партнери никогаш не разговарале за предвремени избори.

– Никогаш не сме разговарале за избори. Функционираме повеќе од добро. Демократската партија и Демократскиот сојуз, како владина коалиција, ќе останат до крајот на мандатот. Изборите ќе се одржат онака како што е предвидено, значи по завршување на мандатот, изјави Мустафа за косовската телевизија.

Тој искажа убеденост дека изјавата на Кадри Весели за предверемни парлменатрни избори е погрешно разбрана.

– Изјавите во медиумите често се погрешно толкувани и им се дава поинаква насока, истакна Мустафа.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски