Мустафа: Намален бројот на меѓуетнички инциденти во Косово

Од:

Косовскиот министер за внатрешни работи Екрем Мустафа вели дека Косово, во однос на регионот, „стои добро“ кога се во прашање меѓуетничките инициденти и нивната бројка во минатата година забележала опаѓање.

Мустафа оваа оценка ја изнесе на седницата на собраниската Комисија за правата и интересите на заедниците и враќање, каде што, заедно со директорот на полицијата на Косово, Рашит Ќаљај, поднесе извештај за безебедносната состојба во земјата.

– МВР е посветено на чувањето на редот и спроведувањето на законот, за безбеден амбиент за сите граѓани, а посебно за обезбедвање сигурност за сите заедници, рече министерот Мустафа.

Дректорот на полицијата рече дека безбедносната состојба е прилично мирна и стабилна, наспроти неколку инциденти кои, според него, не влијаат на националната безбедност.

Осврнувајќи се на безбедносната состојба на северот на Косово, каде што живее претежно српско население, Ќаљај рече дека ситуацијата и таму е стабилна, но напомена дека може да се забележат одредени тензии поради престојните вонредни локални избори во тамошните општини.

Ќаљај нагласи дека криминалните трендови се во опаѓање, додека изрази загриженост поради порастот на сообраќајни несреќи со смртни последици.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски