Мустафа најави разговори со опозицијата и „Листа српска“ околу демаркацијата на Косово

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа најави серија средби со опозицијата и „Листа српска“ со цел бидат разјаснети сите дилеми, пред повторно во Парламентот да се најде Предлог-законот за ратификација на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора.

– Ќе разговарам и со опозицијата, Алијанса за иднината на Косово, Иницијативата за Косово и Движењето „Самоопределување“. Исто така ќе разговарам и со „Листа српска“, пред да го процесуираме понатаму прашањето, а со цел да се разгледаат сите опции, изјави Мустафа по свеченоста на доделување награди за општините, организирана од Министерството за администрација и локална власт и проектот ДЕМОС.

Тој отфрли каква било можност да прифати некакви условувања, било од Листа српска или опозицијата.

– Доколку има нешто кој не условува, јас тоа јавно ќе го соопштам. Нема услови ни од Листа а ни од некој друг, но ние ќе настојуваме ова прашање да го решиме врз основа на факти и аргументи. Добро е да ја инернационализираме граничната линија и исто така да го исполниме овој стандард, бидејќи се гледа дека е клучен услов за визна либеализација, нагласи Мустафа.

Тој додаде дека имал разговори со претседателите на општините кои се во пограничниот појас со Црна Гора, од кои побарал „да посочат доколку имаат некоја забелешка дека некој дел од територијата на овие општини постои опасност да се изгуби со овој договор“.

Договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора беше потпишан во август 2015 во Виена. Според двајцата главни протагонисти од косовска страна, екс шефот на дипломатијата а сега актуелен претседател на државата, Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа, кои тврдат дека договорот е праведен и реален.

Но поинаку мисли опозицијата која верува дека со овој договор Косово губи над осум илјади хекари земјиште.

И неучеството на „Листа српска“ на седницата на Парламентот кога на дневен ред беше овој докумет, а чии десет гласови беа одлучувачки, создава нова ситуација и шпекулации дека условува со одредени барања. Според порталот РЕЛ, Листа српска барала од Владата и премиерот Мустафа претходно да дискутираат околу неколку политички прашања, кои ги смета дека се од витално значење за српската заедница на Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски