Мустафа: Ми беше голема чест на гости да го примам големиот пријател на Косово

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа по средбата со американскиот потпретседател Џозеф Бајден, изјави дека тоа била „многу интензивна билатерална средба“, јави Танјуг.

На својот профил на Фесјбук Мустафа напиша дека имал посебна чест на гости да го прими американскиот потпретседателот,Џозеф Бајден, „големиот пријател на Република Косово“.

„Длабоко сум уверен дека оваа посета ќе има позитивно влијание врз натамошното засилување на пријателството и стратешкото партнерство меѓу Косово и САД. Бог да ги благослови и Косово и САД!,“ наведе Мустафа на Фејсбук.

И претседателот на косовското Собрание, Кадри Весели, на Фејсбук напиша дека имал чест во Парламентот да го угости вториот човек на администрацијата на Обама.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски