Мустафа: Косовската влада подготвува документи за Специјалниот суд

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска изјави дека властите во Приштина работа на документација која отвора пат за формирање на Специјален суд.

Судот ќе се занимава со злосторствата на Ослободителната војска на Косово и наводите од извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти за убиствата и трговијата со органи од киднапираните Срби за време на војната во Косово.

– Екипа на експерти од косовските институции работи со Европската унија за усогласување на одредбите на законот за Специјален суд, статутот на судот како и измени на косовскиот Устав, кои треба да бидат донесени за да бидат донесени законот и статутот, истакна Мустафа во интервју за порталот „Газетаекспрес“.

Тој посочи дека Парламентот ќе ги разгледа и усвои документите во текот на март и април.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски