Мустафа: Ќе ги продолжиме разговорите со Белград

Од:

Новиот премиер на Косово Иса Мустафа изјави дека неговата Влада ќе се ангажира за економски развој, јакнење на правосудството, борбата против криминалот и корупцијата и било каков вид екстремизам, но и за продолжување на дијалогот со Белград.

Мустафа во интервју за „Гласот на Америка“ изјави дека владата ќе работи на спроведување на постигнатот договор во Брисел.

– Ние сме заинтересирани разговорите да се одвиваат и колку што е можно да се релаксираат односите со Србија и српската заедница во Косово, изјави Мустафа, додавајќи дека создавањето на добри односи со српската заедница ќе влијае и на односите со Србија.

Мустфа, исто така, истакна дека Косово ќе ги продолжи разговорите во форматот изграден во Брисел и на Косово.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски