Мустафа ги повика Косовците кои се во Сирија да се вратат во Косово

Од:

Косовскиот премиер Иса Мустафа на денешната седница на Парламентот уште еднаш изрази жалење и длабоко сочувство за сите жртви во последните терористички напади во Брисел, јави дописникот на МИА.

– Косово ја покажа својата безусловна определба да биде дел од борбата против секое можно зло. Ги повикувам сите граѓани да бидеме дел од таа одлучност во борбата против тероризмот, изјави Мустафа.

Тој при тоа побара од сите граѓани на Косово, кои се на боиштата во Сирија, да се вратат во татковината и да бидат свесни за штетата која може да си ја предизвикат себе си и на косовската држава.

Мустафа соопшти дека се зголемени безбедносните мерки во земјата и им порача на косовските граѓани дека се безбедни.

Според последните инфрмации, на боиштата во Сирија се наоѓаат најмалку 200 Косовци. Досега во оваа блискоиситчна земја загинати педестина Косовци.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски