Могерини: На Самитот на ЕУ, покрај за Брегзит, ќе разговараме и за Западен Балкан

Од:

Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пристигнувајќи на Самитот на ЕУ истакна дека покрај за Брегзит, ќе се разговара и за европската одбрана и безбедност, тензиите во Азовско Море, како и состојбата на Западен Балкан.

– Очекувам дека Европскиот совет ќе ги потврди нашите силни ставови и барања Русија да ги ослободи украинските бродови и екипажот. Ќе ја потврдиме и нашата силна поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина и нашата позиција за непризнавање на нелегалната анексија на Крим, како и значителниот пакет помош кој ЕУ и го дава на Украина и е подготвена да го зголеми, посочи Могерини.

Таа најави дека лидерите на ЕУ денеска ќе разговараат и за претстојниот Самит на ЕУ и Арапска лига, кој е планиран за почетокот на следната година во Брисел.

– Лидерите ќе ја разгледаат и ситуацијата на Западен Балкан и другите теми подготвени од министрите за надворешни работи, потенцира Могерини.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ако не сме членка на ЕУ, нема да има договор за експлоатација на ретки минерали

Рокас: Реформската агенда од Планот за раст не е замена за членството во ЕУ

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Политико: Каја Калас се соочува со критики затоа што сè уште се однесува како премиер