ММФ ја повика Грција да ги забрза реформите

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја повика Грција да ги забрза реформите, договорени со него, за да се создадат претпоставки за надминување на регистрираната сиромаштија во земјата.

Портпаролот на ММФ, Бил Мари, за весникот „Етнос“ изјави дека исклучително сериозен е проблемот со сиромаштијата во земјата, што Фондот допрва ќе го разгледува со грчките власти.

По повод податоците, соопштени од грчкиот статистички институт ЕЛСТАТ, што покажуваат дека една третина од Грците живеат на прагот на сиромаштија и дека според овој показател Грција е на четврто место меѓу земјите од ЕУ, Бил Мари прецизира дека прашањето за сиромаштијата ќе биде дебатирано во рамки на шестата проценка на грчката стабилизациска програма, што се предвидува да се оддржи на 15 септември.

Грција од средината на 2010 година зависи од спасувачките кредити на ММФ и останатите членки на еврозоната, односно од времето кога финансиската криза ја направи неспособна да зема заеми од меѓународните пазари.

Во рамки на вториот спасувачки пакет оваа земја од ММФ треба да земе уште 16 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески