Млади демонстранти во Софија бараат одземање на имнунитетот на бугарскиот десничарски пратеник Волен Сидеров

Од:

Десетици млади Бугари и денеска, 18 ден по ред, протестираа пред Палатата на правдата во Софија, барајќи одземање на пратеничкиот имунитет на крајно десничарскиот пратеник во бугарскиот парламент Волен Сидеров, јавија локалните медиуми.  


-Одземете му го (пратенички) мандатот. Се собравме на господинот Качаров ( генерален обвинител на Република Бугарија) да му кажеме дека постои еден сувишен имунитет на пратеник во бугарскиот парламент – тој на Волен Сидеров, наведоа демонстрантите, главно млади луѓе, јавија бугарските медиуми.


Синоќа на протестите во Бугарија им се придружија и Бугарите кои живеат надвор од земјата, бидејќи околу 100-тина се собраа пред конзулатот во Њујорк и најавија продолжување на протстот пред седиштето на Обединетите нации во Њујорк, додава БТА. 


Протестите во Бугарија почнаа на 14 јуни од кога меѓу 7.000 и 10.000 луѓе протестираат секој ден. Протестите почнаа заради отпорот за именување на контроверзниот медиумски могул и пратеник Дељан Пејевски за директор на Државната агенција за национална безбедност,  а кога парламентот го повлече неговото именување протестите продолжија со пренамена на барањата -оставка на владата и промена на политичкиот модел во Бугарија, потсетува БТА. 


Мирните демонстрации беа одговор на повикот што со денови циркулираше на социјалните мрежи – „ испијте филџан кафе пред народното собрание“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори