Митотакис: Имаме воена состојба во мирнодопски услови

Од:

Грчкиот премиер Киријакос Митотакис оцени дека Грција, погодена од најсериозните пожари и поплави во својата историја во текот на летото, трпи мировна војна поради климатските промени.

„Се наоѓаме во еден вид војна во мирнодопски услови“, рече шефот на грчката влада во говорот на Меѓународниот саем во Солун, најавувајќи зајакнување на улогата на војската во борбата против последиците од природните катастрофи.

Лидерот на конзервативците, кој се соочува со критики за, како што велат многумина, многу неорганизирано справување со поплавите во центарот на земјата минатата недела, посочи дека специјалната „резерва“ за природни катастрофи ќе се удвои и ќе достигне 600 милиони евра од 2024 година. Ќе се финансира со зголемување на данокот за престој во луксузните хотели, појасни тој.

По разорните пожари во јули, а потоа кон крајот на август, кои опустошија повеќе од 150.000 хектари, Грција минатата недела беше погодена од поплави кои, според полициски извори, оставија 17 мртви во центарот на земјата, во Тесалија, важен земјоделски регион.

„Трошоците за реконструкција ќе бидат значителни, но нашата економија е доволно силна да ја поддржи. Она што го изгубивме, државата и граѓаните, ќе го обновиме заедно“, инсистираше Мицотакис, нарекувајќи ги климатските промени нов непријател.

Мицотакис се соочува со остри критики од опозицијата и дел од населението погодено од временските катастрофи поради бавноста на испораката на помошта и недостатокот на координација меѓу војската и службите за цивилна заштита. Левичарската опозиција Сириза особено го критикуваше недостигот на работа на превенција од поплави во Тесалија, веќе погодена од временските катастрофи во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Мицотакис го посети Волос и најави поддршка за погодените подрачја

Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Мицотакис: Ќе ги продолжам клучните реформи со забрзано темпо

Горан Наумовски

Грција: Според излезните анкети, Нова демократија на Мицотакис води на изборите

Мицотакис: Грција оди на избори во мај

Орце Костов

Ципрас бара оставка од Мицотакис

А1он