Грција ќе обучува украински пилоти за Ф-16

Од:

Грција ќе учествува во обуката на пилоти на украинските воздухопловни сили за авиони Ф-16, изјави во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски. Данска и Холандија во неделата објавија дека ќе ги испорачаат првите Ф-16 на Украина.

„Денеска имаме важен резултат за воздухопловната коалиција. Грција ќе учествува во обуката на нашите пилоти за Ф-16. Благодарен сум за овој предлог“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.

Зеленски ги претстави деталите од програмата за обука. Официјални лица на 11-члената коалиција изјавија дека обуката на пилоти за Ф-16 ќе се одржи во Данска и Романија. Претходно во понеделникот, Зеленски во Данска изјави дека ветените испораки на Ф-16 го убедиле дека Украина може да стави крај на руската инвазија.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Цел на рускиот напад беа гасни објекти важни за снабдување на ЕУ

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски

Зеленски го потпиша Законот за мобилизација во Украина

Зеленски: Законот за мобилизација содржи важни прашања поврзани со поддршката на армијата

Зеленски: Без американска помош блокирана во Конгресот, Украина ќе ја изгуби војната