Митаракис: Никаква толеранција за насилството во бегалските кампови

Од:

Не прифаќаме и не толерираме насилство во центрите за бегалци и мигранти, порача министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис од грчкиот остров Самос, каде што во неделата вечерта и вчера наутро имаше инциденти и пожари во околината на бегалскиот камп, јави дописничката на МИА од Атина.

-Испраќам јасна порака, вакви насилни инциденти не се толерираат. Грчката полиција уапси 22 лица и ќе бидат поднесени кривични пријави. Јасно е дека оние што доаѓаат во нашата земја и аплицираат за азил, обврзани се и од Женевската конвенција да ги почитуваат грчките закони, рече Митаракис и додаде дека нема толеранција за насилството, „кое ги става во опасност животите и на оние кои престојуваат во прифатниот центар, но и на жителите на Самос“.

Митаракис истакна дека ситуацијата на островот е особено тешка, рече дека во текот на годинава ќе се затвори постоечкиот отворен бегалски камп, а мигрантите и бегалците ќе бидат пренесени во нов затворен центар.

Во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти на Самос, што е со капацитет од 648 места, престојуваат 6.869 лица, според официјалните податоци од грчката Влада, заклучно со неделата 26 април 2020 година.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос