Мирослав Иванишевиќ поднесе оставка поради компромитирачката снимка

Од:

Претседателот на Сенатот на Државната ревизорска институција на Црна Гора Мирослав Иванишевиќ поднесе денеска оставка на функцијата, откако е објавена снимка на негови интимни разговори и однесување во службениот кабинет со едно женско лице.

Иванишевиќ, како што пренесоа црногорските медиуми, му се извини на семејството, на граѓаните, истакнувајќи дека неговото однесување е „недостојно“ за толку важна државна функција.

Во образложението на оставката се наведува дека Иванишевиќ не сака со своето останување на функцијата да ги „оптоварува структурите и процесите“ во Црна Гора.

Жената со која Иванишевиќ бил во интимна врска во средата им достави на црногорските весници аудио и виде снимки на неговите разговори со неа, како и видео снимки на кои се гледа како тој во долна облека се облекува во својот кабинет. Таа личност изрази подготвеност се што изнесува за Иванишевиќ да „го повтори пред судот“.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора