Mинистрите за надворешни работи на Грција и на Турција се сретнаа на Крит

Од:

Министрите за надворешни работи на Грција и на Турција се сретна денеска на грчкиот медитерански остров Крит, каде одржаа неформални разговори, јави грчкото државно радио, пренесува ДПА.

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу разговарале за неуспешниот обид за преврат во Турција, миграциската криза, безбедноста и други регионални прашања.

Двајцата министри разговарале и за осумте турски војници кои избегаа во Грција по обидот за преврат и кои бараатт азил во оваа земја.

Турција инсистира војниците да бидат екстрадирани, а официјална Атина ги разгледува нивните апликации за азил и неколку пати потенцира дека судот ќе донесе одлука за ова прашање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата уапси 43 демонстранти во центарот на Истанбул

Ердоган: Држат лекции за човекови права, но молчат за грозоморните убиства во Газа

Предраг Петровиќ

Ривалот на Ердоган, Имамоглу, во истражен затвор до судењето

ВИДЕО: Уапсениот градоначалник на Истанбул денеска пред суд, масовните протести продолжуваат

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Озел: Секој кандидат може да го победи Ердоган на изборите