Министерот за надворешни работи на Грција е на пат кон Одеса

Од:

Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас е на пат кон Одеса, каде што ќе пренесе хуманитарна помош и ќе се сретне со претставници на грчката дијаспора, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчкото МНР соопштија дека целта на посетата, освен трансфер на помош, е „создавање на постојан механизам за дистрибуција на хуманитарна помош, средба со припадниците на грчката заедница, повторно отворање на Генералниот конзулат во градот и посета на места нераскинливо поврзани со грчката историја“.

Дендиас на „Твитер“ објави дека пристигнал на аеродромот во Кишинев, а оттаму ќе ја помине границата Молдавија – Украина кон крајната дестинација Одеса.

Шефот на грчката дипломатија пред десетина дена изрази намера лично тој да ја предводи хуманитарната помош за украинскиот град Мариупол, додека пак портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција Александрос Папајоану на редовниот брифинг со новинарите во средата објасни дека предлогот на Дендиас е сѐ уште на маса, меѓутоа ќе се реализира кога ќе постојат соодветни услови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина