ВИДЕО: Украински дронови над Москва, затворен еден аеродром

Од:

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија четири украински беспилотни летала кои летаа кон Москва, изјави утринава градоначалникот на руската престолнина – Сергеј Собјанин.

Според прелиминарните извештаи, нема повредени или материјална штета од урнатините, изјави Собјанин на Телеграм.

Руското Министерство за одбрана објави денеска дека се уништени вкупно 26 украински беспилотни летала, чија цел била руска територија.

Покрај соборените беспилотни летала при приближување кон Москва, 17 беспилотни летала беа уништени над регионот Брјанск и пет над регионот Калушка, објави Министерството во објава на Телеграма.

Гувернерите на Калушката област, која се граничи со Московската област на североисток, и на Брјанската област, која граничи со Украина, објавија на социјалните мрежи дека нема повредени или пријавени штети.

Руската агенција за воздухопловна безбедност – Росавијација, објави дека ги прекинала летовите на аеродромот Домодедово, еден од клучните аеродроми во Москва, со цел да се обезбеди безбедност на воздушниот сообраќај.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела прогласи тридневен прекин на огнот од 8 до 10 мај по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници во Втората светска војна, потег што се чини дека има за цел да сигнализира дека Русија се уште е заинтересирана за мир.

Како одговор, украинскиот лидер Володимир Зеленски го отфрли овој предлог и ги повтори своите повици за подолг прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори

(ВИДЕО) Путин: Странски трупи во Украина за нас се непифатливи и ќе бидат легитимна цел

ВИДЕО: Украинците нападна една од најголемите рафинерии во Русија

ВИДЕО: Украина го одби американскиот план