Министерката Мимоза Кусари поднесе оставка, ќе се трка за градоначалник на Ѓаковица

Од:

Косовската министерка за трговија и индустрија, Мимоза Кусари-Лила поднесе оставка на функцијата на која се наоѓаше во изминатите две години.

Причина за тоа е нејзината кандидатура за градоначалник на Ѓаковица, на престојните локалани избори. Соопштувајќи ја одлуката таа истата ја оцени како праведна.

– Сметам дека оставката е најдобрата можна одлука, поради почетокот на изборната кампања, поточно поради почетокот на трката за градоначалник во Ѓаковица, изјави Лила.

На новинарско прашање дали повторно ќе биде министер, таа рече дека многу повеќе ја сака општината во која е кандидат за градоначалник.

– По идните парламентарни избори, кога и да бидат, или по еден определен период, на почеток целта ми е да бидат градоначалник на општина Ѓаковица а за останатото ќе видиме, изјави Кусари-Лила.

Локланите избори на Косово ќе се одржат на трети ноември. На изборите се пријавија 105 политички субјекти, 33 политички партии, две коалиции, 53 граѓански иницијативи и 15 независни кандидати. Една третина од нив се српски кандидати.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски