Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора изнесува 800 евра

Од:

Минималната потрошувачка кошница во Црна Гора минатиот месец изнесувала 800 евра, што е за 1,3 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.


Според податоците на црногорскиот статистички институт Монстат, просечната плата во оваа земја во мај била 480 евра.


Монстат наведува дека една третина од потрошувачката кошница ја сочинува храната. Минатиот месец едно просечно црногорско семејство трошело околу 350 евра за основните прехранбени производи и услуги.


Во Црна Гора инфлацијата минатиот месец на годишно ниво изнесувала 1,5 проценти, додека во ЕУ просечната инфлација за овој период беше 1,7 отсто.


Црногорската економија во првиот квартал од годинава забележала раст од 4,3 отсто. Прогнозите на Владата за економскиот раст оваа година се 2,5 проценти, додека Светската банка предвидува пораст на црногорската економија од само 0,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора