Мило одговара на иницијативата за негово отповикување: Новата власт го уништува системот

Од:

Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, изјави дека новата власт во земјата, наместо да го надградува и да го унапредува системот, тргнала по патот на негово разградување и уривање.

Ѓукановиќ се огласи за првпат откако владејачката коалиција најави иницијатива за негово отповикување во црногорскиот Парламент, но не ја коментираше и наместо тоа остро ја нападна власта.

Тој вели дека „ни во сон“ нема да ги поддржи кандидатите за амбасадори кои работеле против интересите на државата и дека неговата Демократска партија на социјалистите не се плаши од обвинувачите закони.

„Посебно загрижува недоволната компетентност на државата да се соочи на делотворен начин со проблемите и последиците во различни сфери. Наместо тоа, приоритет на новата власт е брутален политички реваншизам кон претставниците на претходната владејачка коалиција, посебно спрема некогашната и сегашната најсилна политичка партија во Црна Гора. Неаргументирано се напаѓаат носители на јавни функции од доскорешното мнозинство и се оспорува сѐ што е направено пред 30 август,“ изјави Ѓукановиќ.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора