Милановиќ: Поголема помош и конзулат за Хрватите во БиХ

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ на своите сонародници во БиХ им порача дека можат да сметаат на продолжување на помошта што ќе биде насочена кон поддршка за институциите и проектите од клучно значење за нивниот опстанок во оваа земја.

Милановиќ потврди дека постои можност на подрачјето на централна Босна да се отвори и конзулат на Хрватска, бидејќи таму живеат околу 100.000 Хрвати.

На вториот ден од посетата на БиХ, Милановиќ го обиколи фрањевачкиот манастир во Гуча Гора и болницата во Нова Била, и нагласи дека вложувањата во такви институции за Хрватска претставуваат соодветно мали издвојувања кои, меѓутоа, се исклучително многу значајни за луѓето во БиХ.

Во разговорот со стопанствениците и претставниците на локалните власти од општините во централна Босна, Милановиќ оцени дека продолжувањето на хрватската помош е нужна за Хрватите во БиХ, но дека помошта треба да се насочи кон институциите кои ќе помогнат во зачувување на нивниот идентитет, пренесе агенцијата Хина.

На првиот ден од посетата на БиХ, вчера, Милановиќ на тамошните Хрвати им порача, и покрај сите тешкотии, да останат да живеат во својата земја.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари