Милановиќ: Ќе им помогнеме на бегалците на патот кон Западна Европа

Од:

На бегалците кои ќе влезат во Хрватска ќе им биде дозволено да минат и да го продолжат својот пат кон Западна Европа, рече денеска хрватскиот премиер Зоран Милановиќ, додавајќи дека во текот на ноќта од Србија на нивна територија влегле околу 150 бегалци, јави Танјуг.

– Хрватска во целост е подготвена да ги прифати или упати овие луѓе каде тие сакаат да заминат, а очигледно е дека тоа е Германија или некоја скандинавска земја, рече Милановиќ во обраќањето до Парламентот.

Милановиќ рече и дека бегалците ќе можат да минат низ Хрвтска, односно дека Хрватска во тоа ќе им помогне.

-Подговени сме за таквата можност, додаде тој.

Милановиќ во хрватскиот Сабор рече и дека заради бегалскиот бран во земјата ќе биде свикана седница на Советот за национална безбедност, а притоа и порача на претседателката Колинда Грабар Китаровиќ дека за овој проблем и онака е одговорна исклучиво хрватската Влада.

Премиерот ја потсети Грабар Китаровиќ дека таа не е членка на оваа тело, односно дека сите членови веќе имаат дневна координација и запознати се со сите проблеми.

-Нема да заборавиме дека ние повеќето сме христијани, нема да заборавиме што Папата кажа,  дека секоја жупа треба да прими едно семејство, многумина во Европа кои се удираат во гради дека се христијани се однесуваат сосема спротивно, рече Милановиќ, а пренесе хрватскиот портал Индех.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски