Милановиќ ја одби идејата за тројна коалиција со ХДЗ и МОСТ

Од:

Партијата СДП, на чело со актуелниот хрватски премиер Зоран Милановиќ, денеска го отфрли предлогот на коалицијата МОСТ за формирање парламентарна коалиција која би ја сочинувале СДП, ХДЗ и МОСТ.

„Во овој момент е неодржлива иницијативата на МОСТ за широк трипартитен сојуз за формирање мнозинство во Саборот и идната Влада“, соопшти СДП на Твитер.

Оваа партија смета дека за формирање на саборско мнозинство и хрватска Влада постојат други одржливи решенија, пренесе порталот Индекс.хр.

Главниот одбор на СДП го поздрави продолжението на разговорите меѓу коалицијата „Хрватска расте“ и МОСТ со цел да се постигне договор околу конституирање на Саборот и формирање на Владата и на премиерот Зоран Милановиќ му даде потполна поддршка за мандатар во процесот на формирање на новата Влада, наведе оваа партија.

На заедничката средба со коалициите предводени од СДП и од ХДЗ во загрепскиот хотел „Еспланада“ МОСТ во понеделникот предложи трипартитна Влада која би била предводена од непартиски премиер.

Според предлогот на МОСТ, една од двете големи коалиции на две години би го давала првиот потпретседател на Владата, а втората претседателот на Саборот, а по двете години официјалните претставници би направиле „ротација“.

МОСТ за себе ја бара  позицијата втор потпретседател на Владата, а на СДП и ХДЗ им даде една недела да одговорат на понудата.

Идејата за големи коалиции во самиот старт ја отфрлија коалициските партнери на СДП, порачувајќи дека таквата коалиција би била спротивна на волјата на избирачите и „ќе значи враќање во времето на социјалистичкиот сојуз и еднопартиски систем“.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари