Милановиќ: Идејата за вондредни парламентарни избори е детинеста

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ оцени дека најавата на лидерот на опозициската Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарк за одржување на вондредни парламентарни избори е детинеста.

– Тоа е детинесто. Постојат закони и Устав, како и парламентарно мнозинство кое е стабилно. Или Карамарко знае нешто што јас не знам, наведе Милановиќ.

Премиерот истакна и дека неговата Социјалдемократска партија во втората половина од мандатот ќе води доследна и постојана политика.

– Паметните се менуваат кога е време, а помалку паметните во криза. Ако се поколебаме, нема ништо да направиме. Луѓето не ги избраа ниту Санадер, ниту Косор, ниту Карамарко туку ги избраа СДП и ХНС, значи нас кои сме одлучни да воведеме ред во државата, посочи Милановиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик