Милановиќ: Хрватска не може да биде полициска и шпионска држава

Од:

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ порача денеска, откако на Марковиот плоштад во Загреб имаше судир меѓу полицијата и бранителите, дека Хрватска не може да биде полициска и шпионска држава и ги обвини советниците на претседателот Колинда Грабар Китаровиќ дека учествуваат во протестите на ветераните.

– Хрватска не може да биде полициска и шпионска држава. Тука е и претседателката Китаровиќ. Личноста, која е нејзин сосветник за бранителите, личност од најголема доверба, таков човек активно учествува на протестите. Како да го протолкуваме тоа? Заклучете сами. Тоа не е добро, истакна премиерот на вонредната прес-конференција.

Тој додаде дека одлуката за отстранување на шаторите, во кои бранителите протестираат подолго од седум месеци не е негова, туку дека тоа било проценка на полицијата.

Милановиќ предупреди дека сите кои ги кршат законите мораат да бидат свесни дека законот на нив ќе се применува.

– Јас можам да ви повикам господата за неколку денови да разговараме во Владата. Но не денеска, тоа е невозможно, изјави тој.

Во меѓувреме претседателот на ХДЗ, Томислав Карамарко ги отфрли денеска како ноторни лаги обвиненијата на СДП и на хрватската Влада дека зад протестите на бранителите стои ХДЗ и му порача на Милановиќ дека ако има добра волја може да го реши проблемот, со цел да се прекинат агонијата и немилите сцени на плоштадот.

– Тоа е злобно обвинение, бидејќи стотици пати реков дека ги поддржуваме оправданите барања на бранителите, нивното барање премиерот да дојде меѓу нив, да се симне од своите височини и да разговара со нив. Тоа дека ние можеме со бранителите да управуваме и манипулираме е навреда за нив и тоа е ноторна лага, изјави Карамарко.

Хрватските бранители, кои од синоќа ненајавено протестираат во центарот на Загреб, бидејќи сметаат дека им се загрозени правата и бараат оставка од ресорниот министер Предраг Матиќ, се судрија денеска со полицијата и ја отстранија оградата, која ја поставија полицајците, бидејќи нивниот собир не беше одобрен.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик