Милан Здравковиќ нов министер во косовската Влада

Од:

Косовските Срби добија уште еден претставник во Владата на Косово, откако Милан Здравковиќ беше именуван за министер без ресор во владиниот Кабинет.

– Одлука за именувањето на Милан Здравковиќ за министер ја донесе премиерот Хашим Тачи, врз основа на неговите надлежности кои произлегуваат од Уставот на Косово, како и другите владини правилници за организационата поставеност, соопшти косовската Влада.

Здравковиќ ќе биде задолжен за развојни проекти во подрачјата каде Србите се во мнозинство.

Тој е четвртиот Србин член на Владата на Тачи, покрај Слободан Петровиќ кој е вице-премиер и министер за администрација и локална самоуправа, Ненад Рашиќ, која раководи со Министерствата за труд и социјална благосостојба и Далибор Јевтиќ кој е министер за прашања на заедниците.

 

Би можело да ве интересира

Ховениер: Косово да ги исполни сите свои обврски

Инцидент во Косовска Митровица, двајца прободени со нож по финален натпревар

Пеќ: Ранети се три лица, по напаѓачот е распишана потерница

Горан Наумовски

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот