Мицотакис и Ципрас изразија солидарност со Франција

Од:

Солидарност и поддршка за Франција по терористчкиот напад во Ница изразија грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Министерството за надворешни работи на Грција, како и лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас.

-Длабоко шокиран од терористичкиот напад во Ница. Целосна солидарност за Франција. Обединети сме, напиша Мицотакис на „Твитер“.

Солидарност до францускиот народ и француската Влада изразија и шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, како и Министерството за надворешни работи на Грција.

-Обединети сме против насилството и омразата, напиша меѓу другото Дендиас на неговиот „Твитер“ профил.

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас исто така изрази солидарност до францускиот народ.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор