Мицотакис: Ако сѐ оди по планот, на крајот од мај ќе се приближиме до пет милиони вакцинации

Од:

Ако се придржуваме до нашиот план, на крајот на мај, можеме да се доближиме до пет милиони, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот од денешната владина седница, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер истакна дека седмицата пред Велигден се совпаѓа со напорите на Владата за „безбеден Велигден и слободно лето“.

-Првите знаци се охрабрувачки. Повеќето наши сограѓани покажуваат дека ја разбираат важноста да се избегнат велигденските патувања. И сите зрело и дисциплинирано го пречекаа постепеното отворање на одредени економски активности. Во исто време операцијата „Слобода“ се проширува, од утре и 30-годишните ќе влезат во битка. Се приближуваме до три милиони вакцинации. И ако се придржуваме до нашиот план, на крајот на мај, можеме да се доближиме до пет милиони, рече Мицотакис.

Истакна дека „најдобрата вакцина е брзата вакцина“, односно уште еднаш ги повика, особено постарите да побрзаат да се вакцинираат што е можно побргу.

Во однос на економијата, рече дека последната надградба на кредитната способност на Грција покажува дека земјата е на вистинскиот пат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Морничав случај во Грција: Син го запалил телото на татко му, делови пронајдени во корпа

Мицотакис: Во овие околности меморандумите нема да се ратификуваат во грчкиот Парламент

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски