Мета: Предупредувањето од ЕБОР укажува на длабока економска криза

Од:

Најновите предупредувања на ЕБОР и другите меѓународни институции за падот на економијата во Албанија, за шефот на државата Илир Мета не се само загрижувачки за кус период, туку укажуваат на длабоката структурна криза на економија во земјата.

Во реакцијата тој апелира да се разгледа економскиот модел за да се надмине на оваа криза.

„Треба сериозно да се работи за поддршка на актуелните економски активности, но и да се размислува за надминување на структурната криза со разгледување на економскиот модел. Тој треба да се заснова на диверзификација на економијата за да се намали ризикот од кризи и да се обезбеди одржлив економски развој, стои во реакцијата на претседателот Мета.

Бара да се работи на искористување на расоиложивите потенција за зголемување на производството на електрична енергија, зголемување на вредноста на минералните и природните ресурси преку нивна обработка, зголемување на индустриското производство и за неколкупати зголемување на земјоделското и агроиндустриското производство.

„Проширувањето на пристанишните капацитети, транспортната мрежа и преносот на електрична енергија е друга потенцијална можност за да ја искористиме нашата регионална географска предност,оценува Мета

Претходно гувернерот на Централна банка на Албанија Гент Сејко предупреди дека,поради пандемијата со Ковид-19, најсилен удар домашната економија ќе претрпи во вториот квартал од годинава,помал пад ќе се забележи и во третиот и четвртиот квартал, а закрепнување може да се очекува дури следната година.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски