Мета повика на обединет фронт за враќање на демократијата

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета повика на пристапување кон граѓанските движења, што се формираат низ целата земја за да се создаде обединет фронт за возобновување на демократијата преку слободни и фер избори, јави дописничката ан МИА од Тирана.

Преку објава на Фејсбук, Мета го повикува народот да застане во одбрана на демократијата и да ја урне тиранијата.

-Мај е посебен месец за одбележување на револтот против најбруталната диктатура што Европа ја познава за половина век. Затоа, ние им оддаваме почит на луѓето од Ќаф Бар и Спач, двата најстрашни затвори, кои се осмелија да застанат и да се борат за својата слобода и права, давајќи ги своите животи. Тие го разбија митот за неповредливоста на криминалниот режим и покажаа дека не може да се биде вечен, напиша Мета.

Денес кога ќе видиме до каде падна нашата демократија, додава тој, единствената почит што можеме и треба да ја направиме за нивните жртви е да им се придружиме на граѓанските движења што растат низ целата земја за да „создадат обединет фронт за враќање на демокреатијата преку слободни и фер избори“.

– Секоја чест за Алијансата за одбрана на татарот, кои ја освоија восхитта на цела Европа за својата благородна кауза и ја отстранија последната маска од режимот на криминално насилство. Сите да се кренеме за демократијата! Кога се крева народот паѓа тиранијата! Слободата се добива, не се подарува, напиша Мета на Фејсбук.

Политичките тенизии во Албанија, кои навидум се смирија по катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември минатата година и пандемијата со Ковис-19, повторно се појавија по уривањето на објектот на Националниот театар, на 17. овој месец. Против неговото уривање, покрај театарските работници и граѓанскиот сектор, беше и опозицијата и шефот на државата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија