Мета апелира дека не е време за докажување на сила, туку за итен дијалог

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со актуелната политичка ситуација во земјата порачувајќи дека не е време за докажување на сила и поттикнување реторика на поделби, туку „политиката треба да направи пресврт заради националните интереси“.

– Во никој случај не е момент за докажување на сила, на реторика на поделба и провокации, туку на одмереност, претпазливост и голема одговорност за националните интереси на земјата и продолжување на европската интеграција, која е национална цел на сите Албанци. Повторно инсистирам на важноста на дијалогот меѓу партиите и истовремено ја изразувам мојата подготвеност да придонесам за побрзо решение, порача Мета.

Тој додава дека поминале десет дена од откако е во сила уредбата донесена од претседателот на Републиката за одложување на датумот на изборите – 30 јуни.

– Повторувам дека тоа го сторив врз основа на моите уставни надлежности а се со цел да се смири ситуацијата и да се создадат можности за дијалог со кој би се нормализирала политичката ситуација и би се создале можности за нов датум за локални избори кои ќе бидат сеопфатни и демократски избори, нагласува Мета.

Претходно албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница на денешата пленарна седница го обвини претседателот Илир Мета за неговите постапки, велејќи дека „долева бензин на оганот“ и му порача дека и покрај се избори на 30 јуни ќе се одржат.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија