Месиќ се извини „доколку некого навредил“ со изјавата за Јасеновац

Од:

Поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ се извини денеска „доколку некого навредил“ со изјавата за Јасеновац, со која ги негира злосторствата во тој логор, а своите зборови ги објасни под влијание на политичкиот амбиент од 1992 година, тогашните воени околности и влијанието на неточните информации.

Месиќ во соопштението објаснува дека „снимката е направена во Новска за време на неформален разговор во воената 1992 година додека ја вршел должноста претседател на Извршниот одбор на ХДЗ“.

Тој истакна и дека таа изјава „нема да ги намали неговите ставови, кои се познати во јавноста, и мислењето за антифашизмот“.

– Наведеното случување секако не е и нема да ги намали моите ставови и мислења за антифашизмот кои им се одлично познати на јавноста, а ако некого навредив со таа изјава тогаш се извинувам – порача Месиќ.

На Јутјуб утрово се појави видео снимка од изјавата на Месиќ од 1992 година во Новска, во која тој вели дека Јасеновац бил „работен логор“.

– Луѓето умираа, како што умираа и луѓето во војната, од тифус и дизентерија. Но тоа беа работни погони. Беше глупаво некого да го научиш да работи кожа, а потоа да го убиеш – изјавил Месиќ.

Сојузот на антифашисти во меѓувреме се огради од контроверзната изјава на Месиќ.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик