Меркел: Распоредот е виновен што не можам да дојдам во Хрватска

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека распоредот е виновен затоа што не може да присуствува на свеченоста во Хрватска, по повод влезот во ЕУ.

-Имам проблем со термините, многу обврски од недела до понеделник, а прославата во Хрватска започнува доцна во недела, рече Меркел по завршување на првиот ден од самитот на ЕУ.

Таа додаде дека разговарала со хрватскиот премиер, Зоран Милановиќ и му ветила дека во Хрватска ќе дојде по изборите во Германија.

-Се радувам за влезот на Хрватска во ЕУ, но понекогаш едноставно термините не може да се усогласат, додаде таа.

Германските и хрватски медиуми последните денови шпекулираат дека причина поради која Меркел нема да дојде во Хрватска е најавата на владата на Хрватска дека ќе ја ограничи примената на европскиот налог, за апсење од 2002 година, со што би се спречила испорака на Јосип Перковиќ на Германија.

За Перковиќ пред два дена Германија ја обнови потерницата поради сомнеж дека како агент на југословенската тајна служба, учествувал во убиство на хрватски емигрант и некогашен директор на ИНА-Маркетинг Стјепан Ѓурековиќ во 1983 година, во Баварска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски