Меркел: На Западен Балкан му треба олеснет процес на доближување до ЕУ

Од:

Треба да се олесни процесот на доближување на Западен Балкан до ЕУ бидејќи тоа е од стратешко значење за Унијата, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел на прес конференцијата по средбата на врвот на иницијативата „Берлински процес“, пренесе ТАСС.

Според неа, ЕУ презема многу активности „за пријателите од Западен Балкан да можат имаат полесен пат до членството во Унијата“, се со цел оваа европска перспектива да стане реална.

-Ако ја погледнеме картата ќе видиме дека земјите од Западен Балкан се дел од Европа, рече Меркел.

Одговарајќи на новинарско прашање за позицијата на францускиот претседател Емануел Макрон, кој се противи на приемот на нови членки во ЕУ се додека Унијата не се реформира, канцеларката посочи дека овие процеси може да се реализираат и паралелно.

-Го делам мислењето на претседателот Макрон за тоа дека механизмите на работа на ЕУ треба да се подобрат, рече Меркел, подвлекувајќи дека тоа, меѓутоа, не е повод за прекинување на преговорите за приклучување на новите земји кон ЕУ.

Таа посочи дека следната година Бугарија и Северна Македонија ќе претседаваат со иницијативата „Берлински процес”.

Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави дека тешкиот процес на интеграција на Западен Балкан, сепак, се одвива во правилна насока.

-Веруваме дека оваа интеграција наскоро успешно ќе заврши и дека уште шест земји ќе станат дел од ЕУ, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија