Мексиканката во Сплит-жртва на сатанистички ритуал?

Од:

Сите докази за бруталното убиство на 31 годишната Мексиканка Селена Маседо упатуваат на тоа дека е убиена во ритуално убиство. Иако полицијата доби цел “арсенал“ на докази за тоа чиј би можел да биде дресот на Милан, за чиј сопственик се сомневаше дека е убиецот на мексиканската туристка, по се изгледа мноштвото од нив биле намерно подметнати. Залудно беше баран сопственикот на дрeсот од Мостар до Нови Сад.
Иако раководителот на полициската истрага уверуваше дека имаат се што е потребно да го обвинат сопственикот на дресот и дека само е потребно тој да се пронајде, случајот се чини ќе биде поинтригантен отколку на самиот почеток.
Имено во близина на местото на злосторството, каде што брутално била убиена Мексиканката, која претходно четири месеци патувала низ Европа со својот брат, пронајдени се пентаграми, што упатува на тоа дека можно е да се работи за ритуално убиство.
Токму тие докази се она што постојано им задава главоболки на инспекторите. а особено и ако се земе в предвид фактот дека околу грмушката во која е пронајдено телото на несреќната девојка се најдени само мали траги од крв, што никако не соодветствува со начинот на кој жртвата била немилосрдно убиена – со пресекување на вратот.
Во Хрватска се погласни се гласините, кои кружат уште пред убиството, дека на марјанското шеталиште во Сплит, се движат сатанисти кои за ритуали со црна магија пијат крв на гробиштатат во близина.
Сатанистичката секта на подрачјето во Хрватска е основана 1977. година, поточно во Вараждин и денеска неслужбено брои околу 7. илјади членови.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари