Мекалистер: Отворањето на преговорите на Албанија со ЕУ е во интерес на двете страни

Од:

Претседателот на Комитетот за надворешно-политички работи на Европскиот парламент Дејвид Мекалистер, на средбата во Брисел со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати оцени дека отворањето на преговорите на Албанија со ЕУ е во интерес на двете страни.

-Отворањето на преговорите со Албанија и напредокот на целиот Балкан кон ЕУ не е во интерес само на регионот, туку и на самата Европска унија, изјави Мекалистер.

Министерот Бушати го запознал Мекалистер со текот на приоритетните реформи преземени од страна на албанската Влада, фокусирајќи се на реформата на правосудството, посебно на процесот на проверката на потеклото на имотот и вмешаноста во криминалани актвности на судиите и обвинителите, попознат како ветинг.

Тој се заблагодарил за континуираната поддршка на Европарламентот за процесот на интеграција на Албанија во ЕУ, која ја потврдил и со усвојувањето на извештајот за напредокот на Албанија ,што го „охрабрува патот за отворање на преговорите за членство, во јуни 2019 година“.

Бушати престојува во Брисел во рамки на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Стано: ЕУ очекува новите власти на Северна Македонија да продолжат со успешниот пристапен пат

ЕУ: Замрзнатите руски средства ќе се користат за воена помош за Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина