Медицинските сестри се слободни, но немаат пари за судски случај против Либија

Од:

Днес – Софија

Бугарските медицински сестри кои поминаа осум години во либиски затвори, немаат пари да ангажираат адвокати и да покренат судски случај за обештетување, откако од изјавата на поранешниот премиер на Либија, Шукри Ганем, стана јасно дека службите ги заразиле децата со вирусот на СИДА.

– Не е тоа најважното. Ние сме обични луѓе со скромни можности. Нема никаква шанса да поведеме случај против големи институции. Да бараме адвокати да излезат во судница е неможно, коментира за Монитор, др. Здравко Георгиев, сопруг на Кристијана Влчева, една од медицинските сестри.

Самиот тој исто така беше задржан за кратко, но беше ослободен. Во тоа време, тој работеше за голема странска кмпанија во Либија.

– Ако треба нешто да се стори, тоа треба да биде од нашата држава, од институциите, од бугарскиот претседател. Тие се оние кои треба да се заземат за случајот, коментира др.Георгиев и појасни дека сопругата го мисли истото.

И на Валентина Сирополу, друга од неправедно обвините медициснки сетсри исто не и е јасно како овој случај ќе се процесуира во иднина.

-Во моментов не можам ништо да кажам. Во Бугарија има отворено случај против извршителите на нашите мачења, и тоа од пред неколку години. Ако адвокатската комора, која го води случајот така одлучи, ќе има, но со други адвокати не верувам дека ќе направиме нешто, рече Сирополу.

– Не сме се сретнале, не сме разговарале, не знам што следува од тука па натаму, мистериозна е Валја Червенјашка, уште една од сестрите. Но таа открива дека мајки на деца со СИДА уште во 1998 година раскажувале дека високи функционери од службите во Триполи ги заразиле нивните деца со вирусот.

– Тие уште тогаш го кажуваа то во болниците затоа што се знаеше дека СИДА постои и сите работевме со ракавици. Нивните тврдења всушност беа толку ужасни што тоа не можев да го прифатам како вистина, појасни Червенјашка. „Јас не можев да поверувам во апсурдноста дека некој може намерно да зарази дете. Тие тврдења на жените им го припишував на нивната неписменост. Не верував. Дури сега кога беа објавени извештаите од дневникот на Шукри Ганем, во главата почнав да ја редам сложувалката“, дополни таа.

Ве потсетуваме дека францускиот истражувачки сајт Медиапарт, во саботата објави документи од кои станува јасно дека на либиските деца им бил инјектирана заразена крв од либиското разузнавање и команидир на структурите на моќта.

Докази за тоа биле пронајдени во дневникот на тогашниот премиер Шукри Ганем. Се претпоставува дека тоа било мерка против опозициски настроените против режимот на Гадафи и нивното приближување до градот Бенгази.

Откритијата доаѓаат скоро десет години по ослободувањето на бугарските медицински сестри, кои беа погрешно обвинети за инфицирање на 420 либиски деца со вирусот на СИДА.

Нашите сонароднички Кристиана Влчева, Насја Ненова, Валентина Сирополу и Снежана Димитрова, како и палестинскиот лекар со бугарски пасош Ашраф ел Хаџук, поминаа осум години зад решетки по неправедно обвинение.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори