МД „Илинден“ бара од владите во Тирана и Скопје отворање на граничниот премин Стеблево-Ласкајца

Од:

Mакедонското друштво „Илинден“ и огранокот за Голо Брдо бараат од албанската и од македонската Влада да излезат во пресрет на жителите од административната единица Стеблево, Голо Брдо, и што е можно побрзо да биде отворен граничниот премин Стеблево – Лакајца, кај Струга.

– Македонците од Стеблево бараат од властите во двете држави да го реализираат ветувањето и да го отворат граничниот премин Стеблево – Лакајца,во што целосно ги подржуваме. Отворањето на овој премин ќе услови Македонците во областа Голо Брдо многу побрзо да стигнуваат во Струга и Охрид, поради близината и не ќе мора да патуваат до Либражд, а потоа на преминот Ќафасан, стои во соопштението на Друштвото.

Се додаваа дека патната инфраструктура до Либражд и до преминот Требиште – Џепиште, кај Дебар, е во многу лоша состојба, а и оддалеченоста е многу поголема.

-Според сведочењата на повозрасните жители, а тоа го потврдуваат и историските факти, преминот Стеблево – Ласкајца функцонирал до 1949 година. Дотогаш, жителите од овој дел на областа оделе на работа во Струга, а на тамошниот пазар пласирале земјоделски и сточарски прозводи и пазарувале она што им било потребно, потсетува Друштвото.

Во соопштението потпишано од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај, стои оценката дека отварањето на граничниот премин Стеблево – Лакајца ќе придонесе во економскиот развој и ќе создаде подобри услови за Македонците во целата област.

Административната едница Стеблево е поранешната општина Стеблево, која беше укината со Законот за територијална поделба и опфаќа 12 села.

Стеблево е дел од Националниот парк Шебеник-Јабланица, на границата со Македонија, кое располага со преубави предели што со отворањето на преминот ќе примами поголем број туристи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви