Масовно труење во Црна Гора, околу 900 лица побарале лекарска помош

Од:

Повеќе од 800 лица побарале медицинска помош по масовно труење во црногорскиот град Беране. Досега вкупно лекарска помош побарале 880 пациенти со стомачни проблеми, додека во изминативе 24 часа поради проблеми лекарска помош побарале над 200 лица. Од вкупниот број затруени, хоспитализирани се 35-мина, од кои 28 деца.

Локални медиуми јавуваат дека најверојатно причинител на труењето е бактериолошката неисправност на водата од градскиот водовод.

Водоводните цевки беа оштетени пред неколку дена при работа на локалниот пат Беране-Лубнице.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора