Масовно пријавување на Македонците за вакцинирање во Србија против Ковид-19

Од:

По објавувањето на веста од страна на македонското Министерство за здравство дека евентуално мала количина вакцини против Ковид-19 во Македонија би пристигнале дури идниот месец од Астразенека, голем број граѓани аплицираат електронски за да се вакцинираат во Србија, дознава „А1он“.

Иако досегашните информации се дека засега само лица со српско државјанство можат да се пријават и да одберат со која вакцина би сакале да бидат вакцинирани во српските здравствени центри, македонските државјани се обидуваат на секој можен начин да стигнат до евентуална заштита од вирусот Ковид-19. Сепак, постојат информации кои стигнаа до нашата редакција кои потврдуваат дека и лица од Македонија без српско државјанство се вакцинирале против Ковид-19 во Србија.

На електронската апликација за вакцинација во Србија, постои можност да се пријават граѓани кои се „странски државјани кои немаат престој во Србија“, па токму оваа опција ја користат Македонците. Единствениот проблем е тоа што се бара српски телефонски број, па голем број граѓани бараат помош од нивните пријатели и роднини во Србија, со цел да си ја пробаат среќата и да стигнат до вакцина.

Во електронската српска апликација дадени се можности лицата да изберат со која вакцина сакаат да се вакцинираат, Фајзер, Модерна, Астразенека, Спутник (руска) или Синофарм (кинеска).

Српски „Блиц“ објавува дека во Србија досега се вакцинирале 4.000 странски државјани и за сите нив вакцината е бесплатна.

Првично се објавија информации дека граѓаните доаѓаат во Белград за да се вакцинираат, а потоа следуваше и веста дека хрватската писателка Ведрана Рудан се вакцинираше во Србија, што го отвори прашањето за тоа како е можно странски државјани да се вакцинираат во друга држава.

Србија го привлече вниманието бидејќи е прва во Еропа по бројот на вакцинирани граѓани на 100 жители во последната недела, а го зазеде и третото место во светот, според статистиката направена од американските владини извори преку проектот „Наш свет“ на Универзитетот во Оксфорд. Според овие податоци, пред Србија се само Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски