Масовни протести на работниците од хрватсаката компанија ИНА

Од:

Работниците од хрватската нафена индустрија ИНА денеска протестираа во Загреб, барајќи премиерот Зоран Миловановиќ да ги исполни нивните барања за опстојување на компанијата, во која мнозинство има унгарската групација МОЛ и за заштита на 12.000 загрозени работни места во фирмата.

На околу 1.500-те работници на ИНА кои се собраа на митинг во Загреб, им се придружија и вработени од Институтот за имунологија, на кои неколку месеци не им биле исплатени месечните примања.

Собирот го организраше Синдикатот на ИНА, во знак на протест поради плановите за за затворање на рафинеријата во Сисак и незјино претворање во складиште за нафтени деривати од Унгарија, што би довело до намалување на бројот на работните места. Синдикатите тврдат дека „деструктинвните решенија во управувањетото на ИНА, ги загрозуваат националните интереси на Хрватска“.

– Бараме ИНА да остане хрватска компанија, која ќе се модернизира, развива, ќе ги прошири пазарите и ќе биде гордост на хрватската економија, како што беше со децении наназад, изјавија синдикалните лидери.

Во врска со ИНА поранешниот хрватски премиер Иво Санадер беше обвинет за земање мито од групацијата МОЛ со цел да и овозмжи да ја преземе контролата врз ИНА.

Во меѓу време, хрватската национална телевија ХРТ јави дека за денеска закажаното заседание на Судот на кое требаше да биде одреден датумот за почеток на судењето на директорот на МОЛ, Жолт Хернади, е одложено за 8 декември.

Хрватската Канцеларија за борба против корупцијата и оргнизираниот криминал (УСКОК) тврди дека во текот на 2008 и 2009 година, Хернади го подмитил Санадер со десет милони евра, за промена на договорот со цел унгарската компанија да добие повеќе акции во ИНА.

Сандер беше осуден на десет години затвор заради примање поткуп од групацијата МОЛ и за други сторени кривични дела, но подоцна Врховниот суд ја смали казната на 8,5 години.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари